еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поранешната министерка Костадиновска-Стојчевска трошела народни пари за приватни цели, утврди Антикорупциска

Поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска користела службени средства за приватни цели при нејзниното службено патување во Велика Британија во периодот од 24 до 27. октомври минатата година, констатрирала Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), откако по допрен глас отвори предмет за случајот во август.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Костадиновска Стојчевска потрошила 714 фунти државни пари на шопинг, поранешната министерка негира

Членот на ДКСК, Зоран Богоевски денеска образложи дека по увид во документите кои Комисијата ги побарала од Министерството за култура за конкретното службено патување, се потврдени наводите оти тогашната министерка потрошила буџетски средства за приватни цели.

„По повод 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство, министерката за култура во период од 24 до 27. октомври 2023 година била во билатерална посета на Обединетото Кралство.

За патувањето во странство било донесено решение согласно кое трошоците се на Министерството за кулутра во износ од 1.300 британски фунти, од кои 292 фунти се признаени како трошоци за репрезентација, а 600 фунти за сместување.

Од 292 фунти, 280 се трошоци кои ДКСК смета дека не може да се квалификуваат како трошоци за репрезентација“, рече Богоевски.

Дополнително, како што рече тој, со службената картичка на Министерството за култура биле покриени и трошоци во износ од 528 британски фунти, кои ДКСК не може да ги квалификува како трошоци за службени цели.

Антикорупциската ќе иницира постапка до надлежните органи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична за поранешната министерка за култура Костадиновска-Стојчевска

Каков имот пријавила Бисера Костадиновска Стојчевска, која ВМРО-ДПМНЕ ја обвини дека потрошила 714 фунти државни пари за шопинг

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТАВ Македонија и Жан Митрев Клиник со решение за новите рестрикции за патување: Брзи антиген тестови на Меѓународниот Аеродром Скопје

Редакција

За што разговараат Боки 13 и Камчев на аудио снимката што ја објави италијанскиот весник

Редакција

Во Јегуновце извлечени шест лица кои поради поплавата биле зарабоени во нивната куќа

Редакција