еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Почина новинарката Валентина Марјановиќ

По долго боледување, вчера на 22. ноември, во Скопје почина новинарката Валентина Марјановиќ, информираа од редакцијата на весникот Вечер, каде што работеше.

-Си замина Валентина Марјановиќ, нашата драга колешка, истакната новинарка, посветен и врвен професионалец, препознатливо име во весникот Вечер, во кој го помина целиот работен век.

Се бореше храбро до последен здив, беше пример за јака волја, силна верба и позитива, за борба и одлучност за живот и победа над подмолната болест. Но, за жал, последната битка не успеа да ја извојува. Нејзината посветеност и визионерски дух ќе останат трајна инспирација на сите нас, велат од таму.

Таа беше дел од весникот Вечер од самите почетоци на својот работен век во 1997 година. Читателите ја препознаваа по нејзиниот стил на пишување во повеќе рубрики, Скопска, Црна хроника и Економија. Последната деценија беше уредник на Економија, а обработуваше и теми од здравството. За својата работа беше добитник на многу награди и признанија.

-Валентина беше почитувана како голем професионалец и уште поголем пријател. Ќе ни недостасува нејзината блага насмевка и секогаш добар збор, совет. Изгубивме посебен човек, блескава душа каква ретко се раѓа. Вале, секогаш ќе останеш во нашите срца, порачуваат од Вечер.

Валентина Марјановиќ, беше и голем пријател на редакцијата на еМагазин.

Ќе ни фалиш многу!

Сочуство до нејзиното семејство!

Фото: Марјановиќ/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа уште двајца пациенти заразени од Ковид-19, вкупно 549

Редакција

(Фото) Митко Јанчев го прослави 38-от роденден на сопругата: „Убавите моменти се паметат“

Редакција

(Фото) Се ожени постариот син на Сашо Мијалков

Редакција