Во македонското Собрание денеска помина интерпелацијата за пратеничката од опозицискиот Европски фронт, Илире Даути, а се однесува на нејзината функција како претседателка на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади.
За истата „за“ гласаа 61. пратеник, а 22 беа „против“.
Интерпелацијата ја поднесе Левица. Пратениците од партијата бараа нејзино разрешување од Комисијата, бидејќи одбива да го стави на дневен ред Законот за бранители.
Поддршка дадоа и пратеници од владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.
Опозициската СДСМ, која го поднесе Законот во Собрание, не присуствуваше на седницата.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.