еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Предлогот на Костадинов е непристоен и значи непочитување и непризнавање, вели претседателката Сиљановска Давкова

За претседателката Гордана Сиљановска Давкова предлогот на Костадин Костадинов, лидерот на бугарската проруска и крајнодесничарска партија “Преродба„ за припојување на Македонија кон Бугарија е непристоен и значи непочитување и непризнавање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лидерот на бугарската „Преродба“ бара припојување на Македонија кон Бугарија

-Намерата не е чесна, намерата не е заради почит. Обратно. Намерата вака да се искаже еднострано, всушност значи непочитување, значи непризнавање. Тогаш мојот коментар е дека фрустрации се во прашање, рече Сиљановска Давкова во интервју за емисијата „Се или против“ на ТВ Алфа.

-Непристоен предлог е бидејќи во историјата имало моменти кога и такви предлози биле во оптег и се разбира дека тие не биле добредојдени. За да предлагате вие балкански федерации и слични модели треба да негувате и да манифестирате почит кон соседите, елементарна почит. Тоа значи да го признавате другиот, да ја признавате посебноста, да го третирате како рамноправен.

Впрочем тоа е суштината на Договорот за Европската Унија (ЕУ), на Лисабонскиот договор, во преамбулите е суштината. Во преамбулата на Договорот за пријателство и добрососедство меѓу Македонија и Бугарија тоа го пишува дека Бугарија како членка на ЕУ ќе и помага на Македонија на патот кон ЕУ. Значи ова е непристоен предлог, подвлече Сиљановска Давкова.

Во однос на тоа какви се сигналите од Бугарија и комуникацијата меѓу неа и претставници на Софија, шефицата на државата вели дека дијалозите меѓу нив се пристојни, одмерени, но и со резерва, a дека меѓу граѓаните нема проблеми.

-Нашите дијалози се пристојни, нашите дијалози се одмерени, нашите дијалози признавам се со резерва ама она што го велите вие јас отворено го препознавам кај бугарскиот народ, кај бугарски интелектуалци и бугарски љубители на музиката и операта, кај уметниците Бугари, Грци…

Препознавам апсолутно меѓу нас нема проблеми кога е во прашање ваквата комуникација, ама ние забораваме дека не сме кралеви и кралици и дека не се претставуваме себе или својот род, туку дека ги претставуваме граѓаните и логично е ние да постапуваме во духот на она што го посакуваат македонските граѓани и бугарските граѓани, грчките граѓани, итн..

Тоа сум го видела, сум видела многу пријатели. Граѓаните може да речат ајде да си најдеме други политичари, други претседатели, ама не можеме ние да речеме најдете си друг народ, рече Сиљановска Давкова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Костадинов, лидерот на „Преродба“ кој бара припојување на Македонија кон Бугарија

“Напад врз суверенитетот на државата”: МНР ја осуди изјавата на Костадинов за припојување на Македонија кон Бугарија

Филипче очекува реакција од Софија и ЕУ за изјавата на лидерот на бугарската „Преродба„ за припојување на Македонија со Бугарија

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Според СЗО не е потребна трета доза вакцина

Редакција

Цела Шпанија и Литванија од утре во карантин, Трамп се тестираше за корона вирусот

Редакција

Синот на Мицкоски, Јован, не престојувал во САД на државен трошок, утврди Антикорупциска

Редакција