еМагазин
Image default
Бизнис

Премиите се ниски, а бенефитите големи!  Животното осигурување е важен чекор кон сигурна иднина

Во време на неизвесност и брзи промени, многумина се прашуваат како најдобро да ги заштитат своите семејства и најблиски. Животното осигурување станува сѐ позначајно, бидејќи обезбедува не само финансиска поддршка во непредвидени ситуации, туку и чувство на сигурност за утрешниот ден. Додека се справуваме со секојдневните предизвици, важно е да размислуваме за долгорочната безбедност и благосостојба на оние што ги сакаме.

Сепак многумина се двоумат кога е во прашање животното осигурување. “Долго ми требаше да сфатам дека полисата за животно осигурување навистина нуди безбедност за сопствениот живот финансиска помош на најблиските во случај на несреќа, но истовремено претставува и можност за создавање капитал кога приходите ќе се намалат,  како што е случајот по одењето во пензија” – вели Бојан, 35-годишен сметководител од Битола.

Перцепцијата околу животното осигурување е дека тоа треба да биде согледано како мудра и оправдана инвестиција, наместо како трошок.

Животното осигурување им е потребно на сите возрасни луѓе кои остваруваат свои примања, а особено на оние со луѓе и домови за кои треба да се грижат. Без разлика дали се работи за долгогодишен бизнисмен, самохрана мајка или пак вработен млад човек кој сака да основа свое семејство, полисата за животно осигурување гарантира мирна сегашност и ќе ви помогне да ги поставите темелите за среќна иднина.

Честопати се среќаваме со случаи каде луѓето не решаваат да купат животно осигурување затоа што сметаат дека тоа е прескапа ставка која не можат да си ја дозволат. Но, се работи за заблуда предизвикана од неинформираност или од недоволно истражување на опциите.

Постојат различни типови на животно осигурување со различна минимална месечна и годишна премија. На пример за ризико животно осигурување месечна премија е 3 евра, за колективно осигурување месечната премија е 0,5 евра, додека за класично животно осигурување месечна премија 15 евра, итн.  Ќе се согласите износите на премиите се толку ниски, а бенефитите големи!

Полисата за животно осигурување може да се адаптира на вашите индивидуални потреби, нудејќи ви го она што ви е потребно и што можете да си го дозволите. Таа се одредува согласно возраста, полот, вашите желби и барања, со цел да создаде најдобри услови и придобивки за осигуреникот.

Како инвестиција во себе и во иднината, животното осигурување ви дава шанса мирно да чекорите низ денешницата, знаејќи дека луѓето кои ви се најважни на светот ќе бидат финансиски заштитени доколку вам ви се случи нешто.

Но, уште поважно, ваквата полиса има однапред должина на важење, која откако ќе истече осигуреникот ги добива вложените средства назад и може да ги искористи за вложување во некоја од работите кои му се навистина важни: реновирање на домот, образование на децата, патувања и слично. Важноста на полисата заживотно осигурување ја одредува осигуреникот, во зависност од неговите потреби и можности.

Кога одлучувате да купите полиса за животно осигурување, значи дека инвестирате во иднина во која ќе го отстраните стресот и ќе си овозможите мир и спокој на умот.  Затоа, важно е добро да ги знаете вашите желби и можности, како и да се консултирате со експерт пред да ја донесете конечната одлука. Бидете одговорни за себе и за вашите најблиски, испланирајте го вашето животно осигурување уште денеска.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Макстил ја зголеми добивката

Редакција

„ЦМЦ ГРОУП“ го доби тендерот на „Водовод и канализација“ за набавка на цевки вреден 479.000 евра

Редакција

НЛБ Банка Скопје по седми пат „Најдобра банка во Македонија“ според EMEA Finance

Редакција