Синоќа било приведено едно службено лице со кое бил извршен службен разговор во врска со кривично дело „Оддавање службена тајна“, потврдија од Министерство за внатрешни работи (МВР).
„Во полициска станица беше извршен службен разговор во врска со кривично дело „Оддавање службена тајнa“, одземен му е мобилен телефон, по што по насока на Основното јавно обвинителство лицето е ослободено“, велат од МВР.
Делото е поврзано со акции на полицијата извршени месецов за криминалната група Беланоца/Барон.
Според информации на ТВ Телма, станува збор за Ќарим Буши, син на поранешниот заменик министер за внатрешни работи Назим Буши од ДУИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Што сѐ најде полицијата во бункер на криминалната група „Барон“ во Арачиново
„Разбиена“ криминалната група „Барон„: За убиство наплаќала од 10.000 до 250.000 евра