еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Момчето што ја усмрти Кулакова во притвор со телефон, одземен му е по реакции од јавноста

Васил Јованов, кој е осомничен за усмртувањето на Фросина Кулакова во притвор имал телефон. Фотографијата од него со телефон е споделена на социјалните мрежи.

„Од семејството на свирепо убиената Фросина Кулакова јавно се обраќаме до МВР – Сектор за внатрешна контрола да се пронајде одговорниот што го снабдил со телефон убиецот – монструм и да биде соодветно санкциониран.

Системот повторно потфрли! Дали ќе се дозволи корупцијата што ја уби сестра ми и понатаму да владее?! Чие дете е следно,“ напиша на социјалните мрежи сестрата на Фросина, Росица Кулакова.

Директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов за „Слободен печат“ изјави дека мобилниот телефон му бил одземен, извршен бил претрес во сите ќелии и осомничениот Јованов бил преместен во самица.

Ќе следувало и истрага и санкции за корумпираните службеници кои што му го дале мобилниот телефон.

За утре повторно е најавен протест за Фросина Кулакова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Момчето кое ја усмрти Фросина Кулакова било осудено, но останало на слобода, сега доби притвор

Момчето кое ја прегази Фросина Кулакова во 2022 направило уште една сообраќајка

Кривичен се иззема од одговорност за Јованов, на Судот не му е јасно зошто неговото пуштање од притвор се поврзува со усмртувањето на Фросина

Фото: Буревесник/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 1.072 здравствени работници се заразиле со Ковид-19, оздравеле 939

Редакција

(Фото) КАМ маркет го отвора својот најголем и најсовремен маркет во Прилеп

Редакција

Светозар Јаневски: Направивме развој од граница до граница, а зборуваме за свет без граници

Редакција