еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Жител на Велешта физички нападнал медицинска сестра оти му рекла да ја изгаси цигарата

Жител на Велешта физички нападнал медицинска сестра на Одделот за хирургија при ЈЗУ Општа болница Струга, бидејќи таа побарала од него да ја изгаси цигарата.

-Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против 52-годишен жител на Велешта за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност од член 304-г став 2 во врска со став 1 од Законот за здравствена заштита.

Осомничениот на 29. февруари физички нападнал медицинска сестра на Одделот за хирургија при ЈЗУ Општа болница Струга која побарала од него да ја изгаси цигарата.

Агресивно се однесувал кон неа и ја навредувал, а потоа со нога ја удрил во стомакот по што избегал.

Бил пронајден и лишен од слобода следниот ден.

Со оглед на тоа што ваквото однесување на осомничениот ја потврдува опасноста тој да се даде повторно во бегство за да го избегне кривичниот прогон, а и поради опасноста тој да го повтори делото и да ја нападне медицинската сестра, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, информираа денеска од Обвинителство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со пиштол се заканувал среде дискотека во Тетово

Редакција

За Заев е неприфатливо дека македонскиот јазик и идентитет произлегуваат од бугарскиот

Редакција

МВР склучи договор со Еуролинк вреден 1,1 милион евра

Редакција