еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Промоција на нова колекција на Номад во Лаб дизјан маркет

Оваа сабота со почеток од 18 часот во Лаб дизајн маркет ќе започне промоцијата на „Тотем“ – новата модуларна колекција на Номад студио.

„Тотем“ e разиграна сензорна скулптура, инспирирана од играчката со редење обрачи на стапче. Нејзиниот уникатен модуларен дизајн е комбинација на форми и бои кои постојано се менуваат, а истовремено инспирираат различни конфигурации пренесувајќи чувство на разиграност.

Внимателно рачно изработена, Tотем скулптурата содржи 3 основни форми кои се конфигурираат во повеќе од 12 стилски силуети, овозможувајќи ви да креирате свои променливи скулптурни форми. Преку сензорна стимулација, Tотем светилката пренесува уникатно и хармонично чувство во вашиот дом.

„Номад студио“ има развивено композитен материјал со кој ја стилизира старата „терацо“ техника во современ дизајн. Терацо техниката потекнува од Италија и датира од 16 век.

На почетоците била употребувана од страна на изработувачите на мозаици во Венеција. Идејата била остатоците од мермер во комбинација со друга смеса да се реупотребат за изработка на декоративни подни површини.

Преку овие настани публуката може одблиску да ја запознае работата на локалните дизајнери и занаетчии и со тоа да ја увиди вредноста во нивниот производ. Крајната цел е да стекне доверба во македонскиот дизајнерски производ кој се заснова на рачна изработка и висок квалитет.

„Лаб дизајн маркет“ е изложбен салон што се наоѓа на булевар „Св. Климент Охридски“ број 68, во центарот „Лабораториум“, сместен во индустриската хала на печатницата „Нова Македонија“.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ 10 најголеми должници на Листата на УЈП во декември: И фирма поврзана со Мијалков помеѓу нив

Редакција

Македонија напредна од „хибриден режим“ во „демократија со недостатоци“

Редакција

Бугарскиот министер Каракачанов: Ние не брзаме, тие 28 години спореа со Грција

Редакција