еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Протестна нота на бугарскиот амбасадор најави Мицкоски

Во минатото кога се понижуваше и распродаваше достоинството македонско, тогаш се молчеше, се виткаше кичма и се соблазнуваа со тие коишто нè понижуваа и газеа. Сега се решаваат работите на овој начин, дипломатски, се испраќаат протесни ноти и нема повеќе да имаме политика меѓународна, ниту пак дипломатска со свиткана кичма, изјави премиерот Христијан Мицкоски, во однос на реакцијата на македонската Влада за неистакнувањето на македонското знаме при средбата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со бугарскиот колега Румен Радев.

Според Мицкоски, Европа и светот можеа да видат на отворена сцена, а тоа го очекувавме, кои се вистинските намери на водството во Софија.

„Не се вистинските намери Бугари во Устав, тоа е најмалиот проблем, таму малку поголема или да бидам прецизен, многу поголема е потребата да покажат мускули и да ги покажат своите вистински намери. Уште еднашка, Европа и светот можеа да видат дека не е Бугарите во Устав вистинската намера на официјална Софија, туку многу многу повеќе од тоа.

Ние сме подготвени секогаш на добрососедските односи со добрина да возвратиме но, оној пат кога ќе видиме дека се поминати црвените линии, рубиконот, тогаш ќе мораме да интервенираме и денеска ќе биде тој демарш, практично врачен на амбасадорот на нашиот источен сосед“, рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска Давкова отишла да пие кафе со Радев затоа немало македонско знаме, вели советникот на Радев

Бугарскиот амбасадор денеска на разговор во македонското МНР, оти го немаше македонското знаме на средбите во Софија

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонскиот филм „Мими“ од 13 октомври со кино проекции низ Македонија

Редакција

Камчев останува во Шутка: Судот му одреди 30 нови дена притвор

Редакција

Убава вест: 731 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција