еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Разрешувањето на Коцевски помина на Влада, предлогот ќе оди до Советот на јавни обвинители

Предлогот на Министерството за правда за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски помина на владина седница.

Во предлогот стои дека Коцевски постапувал во предмети во кои согласно законските одредби постоеле околности кои предизвикуваат сомневање во неговата непристрасност, како и судир на интереси, а за кои тој требало да знае и требало да се изземе.

Владата сега предлогот треба да го достави до Советот на јавни обвинители, од каде што се очекува мислење во наредните 15 дена.

За разрешувањето на Коцевски последниот збор ќе го имаат пратениците. За негова смена е потребен 61 глас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е државниот јавен обвинител Коцевски за кого Владата бара разрешување

Каков имот пријавил државниот јавен обвинител Коцевски, за кого Владата бара разрешување

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР апелира возачките дозволи со старото име навреме да се заменат со нови

Редакција

(ВИДЕО) Кој е Васил Гарванлиев, македонскиот преставник за Евровизија кој ја разбранува јавноста

Редакција

Пет членови на претседателството од „огнените“ го напуштија ДУИ, партијата жали за нивната одлука

Редакција