Бројот на туристите во ноември 2024 година изнесувал 66.701, од кои 31.6 % биле домашни, а 68.4 % се странски туристи, објави Државниот завод за статистика.
Бројот на ноќевањата во ноември лани изнесувал 138.226, од кои 38.6 % се од домашните туристи, а 61.4 % од странските.
Во периодот јануари – ноември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8.3 %, при што кај домашните туристи има намалување за 1 %, а кај странските има зголемување за 13.8 %.
Во периодот јануари – ноември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5.3 %. Кај домашните туристи има зголемување за 2.2 %, а кај странските има зголемување за 9.2 %.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.