еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Романот на годината „Единствен матичен број“ ќе биде промовиран во Кавадарци

На 15. август, од 20 часот, во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци, ќе биде промовиран романот на годината за 2023 г., „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска.

Романот ќе го промовира Виолета Танчева-Златева, а ќе присуствуваат и претставници на Фондацијата „Славко Јаневски“, како организатор на доделувањето на една од најпрестижните награди за проза кај нас, наградата Роман на годината.

Критиката веќе се огласи за многузначноста на ова прозно остварување на Димковска. Читателите исто така ја препознаа неговата вредност, а во меѓувреме сите го очекуваме третото издание на романот, нецела година од неговото прво објавување. Наградата беше соопштена на 15 март годинава, а во мај ѝ беше свечено врачена на авторката Лидија Димковска, на пригоден настан во Драмскиот театар во Скопје.

„Традиционално, по петти пат, на Кавадарци му се случува значаен културен настан со претставување на актуелниот роман на годината. Ве покануваме на несекојдневна промоција на романот што сосем заслужено ги доби сите пофалби во изминатиот период.

Ако нашето постоење во светот сè повеќе зависи од нашиот единствен матичен број, во нашиот свет на квалитетна книжевност, постоиш ако читаш“, велат од ТРИ во поканата за овој настан.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Се појави донатор, Стефан ќе користи апарат за дишење додека му е потребно

Редакција

Витаминка ќе стипендира студенти на Машински и на Факултетот за електротехника и информациски технологии

Редакција

(Фото) Се донираа средства за Кара, на хуманитарниот концерт „За сите деца да има сонце“

Редакција