еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Светската тенорска мега ѕвезда Пласидо Доминго во Македонија

Прагма Продукција во копродукција со Македонска Опера и Балет го најавува спектаклот кој ќе се одржи во арена „Борис Трајковски“ на 14. март 2025 година.

Еден од најголемите тенори на денешницата, но и врвен диригент, освојувачот на 12 Греми музички награди, Пласидо Доминго, за првпат доаѓа во Скопје со премиерен и ексклузивен концерт на 14. март, 2025 година во арена „Борис Трајковски“.

Да се присуствува на оваа музичка магија не е само привилегија, туку и уметнички мелем за сите сетила.

Пласидо Доминго го заслужи своето место во аналите на операта со ѕвездената кариера која се протега околу 50 години. Како уметник сам по себе и како член на Тројцата тенори, тој стана едно од најпочитуваните имиња во класичната музика, освојувајќи безброј признанија, вклучително и 12 Греми награди.

Тој продолжува да ја зацврстува својата репутација до денес пред публиката ширум светот. И како извонреден пејач и од неодамна и како диригент. Карактеризиран како ренесансен човек од страна на критичарите, награден со почесни титули и престижни награди, Доминго е и претседател на престижниот меѓународен натпревар за пеење Опералија, на кој е и основач, со цел да открие и промовира млади таленти.

Неговиот репертоар вклучува повеќе од 150 улоги, достигнување кое не го направил ниту еден друг артист, со над 4.400 настапи, а потврда за неговиот уметнички статус е фактот што тој е почитуван диригент со повеќе од 600 настапи.

Бил почесен уметнички директор на Стогодишниот фестивал Арена ди Верона, како и генерален директор на Операта во Лос Анџелес и Националната опера во Вашингтон.

Заедно со него, на сцената во арена „Борис Трајковски“ ќе застанат и Марија Жозе Сири е една од водечките сопрани во светот, има богата дискографија со ЦД и ДВД снимки. Нејзиниот репертоар опфаќа дела од Белканто до Веризмо, а таа се издвојува како истакната интерпретаторка на најпознатите хероини на Верди и Пучини.

Жорди Бернасер, еден од врвните шпански диригенти денес, редовно диригира во најпрестижните традиционални театри и со реномирани оркестри. Тој ја започнал својата кариера како асистент на Зубин Мехта, Жорж Претр и особено на Лорин Маазел.

Невозможно е да се набројат сите брилијантни оперски улоги кои Доминго ги остварил во неговата извонредна уметничка кариера која непрекинато трае повеќе од половина век, а за ова неверојатно достигнување бил прославен во оперите во Њујорк, Виена, Верона, Милано и Буенос Аирес.

Ова е уникатна шанса на Македонија конечно да биде позиционирана на светската уметничка мапа, за на граѓаните на нашата земја – момент кој не смее да се пропушти!

Карти преку продажната мрежа на www.kupikarta.com Розе Веро 2 и ЈК травел во Бисер.

Линк за карти – kupikarta.com.

Фото: Fiorenzo Niccoli

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија е подготвена да прими бегалци од Украина

Редакција

Срѓан Керим, Ајдован Адемовски, Валентина Божиновска… бесплатно ќе го советуваат министерот Османи

Редакција

(Фото) Во Собранието изгласани новите министри

Редакција