еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Фото) Светскиот бренд IWG отвори флексибилни работни канцеларии во Скопје

Речиси 30% од сите комерцијални недвижнини ќе бидат флексибилни работни канцеларии до 2030 година, бидејќи се повеќе компании го преземаат хибридното работење. Како резултат на овој тренд, International Workplace Group (IWG), најголемиот светски снабдувач на хибридни работни решенија со брендови како Spaces и Regus, отвори модерни флексибилни работни канцеларии во зградата Ентерпрајз (Enterprise) близу трговскиот центар Diamond Mall во Скопје, информираат од таму.

Поради брзото усвојување на хибридното работење низ Македонија, побарувачката за локациите на IWG се зголеми, а ова ново отворање помага да се задоволи зголемената побарувачка.

Способноста да се работи во хибриден модел е нова реалност за милиони работници на глобално ниво, овозможувајќи вработените да работат од различни локации, често делејќи го своето време меѓу локалните работни канцеларии, домот и градот.

Револуционерното истражување на професорот Николас Блум од Универзитетот Стенфорд заедно со  други водечки академици покажува дека околу40% од административците работат во овој модел, обезбедувајќи значителни придобивки и за работодавците и за вработените, вклучувајќи зголемена продуктивност и ангажираност.

Хибридното работење е подобро за луѓето, Планетата и за профитот, поставувајќи ги работните места во срцето на локалните заедници, заштедувајќи пари на бизнисите и поддржувајќи шест од Целите за одржлив развој на ОН.

Новата локација е дел од посветеноста на IWG да ја задоволи брзо растечката побарувачка за висококвалитетно флексибилно работноместо во областа, овозможувајќи им на локалните жители да живеат во т.н. „15-минутен град”, нудејќи можност да работат блиску до дома без предолги патувања.

Марк Диксон, извршен директор и основач на International Workplace Group PLC, вели: „воспоставуваме моќен имногу потребен отпечаток во Македонија со ова отворање. Како важен бизнис центар, Diamond Mall е фантастична локација за унапредување на нашите планови за проширување.

Побарувачката за висококвалитетни флексибилни работни простори продолжува да расте како што хибридното работење станува новата реалност. Горди сме да соработуваме со Green Building DOO за да го развиеме Регус под договор за управување кој ќе обезбеди врвно работно место во нивната зграда”.

“Нашето отворање на канцеларии близу Diamond Mall доаѓа во совршено време, бидејќи се повеќе и повеќе компании откриваат дека флексибилното работење ја зголемува среќата и задоволството кај вработените, а истовремено е и од корист за животната средина. Нашиот модел на работно место докажа дека ја зголемува продуктивноста и овозможува да се зголемуваат или намалуваат бизнисите со значително намалени трошоци“, додава Диксон.

Новото флексибилно работно место во 3-катната зграда ќе обезбеди простор за веќе основани фирми, но и старт-ап компании во различни индустрии, кои благодарение на услугите на IWG може да го прилагодат својот простор согласно сопствените потреби. Новата локација вклучува приватни канцеларии, сали за состаноци, простории за соработка и креативни области.

Поттикнати од брзиот пораст на побарувачката за хибридно работење, сопствениците на зградата одлучија да инвестираат во платформата на IWG за да го оптимизираат нивното враќање на инвестициите во просторот.

Со годишна инвестиција од околу 50 милиони фунти во својата технолошка платформа, IWG обезбедува пристап на партнерите до целосната експертиза на компанијата, дизајн и поддршка за опремување, продажба и маркетинг.

„Возбудени сме што соработуваме со IWG и ќе гопретставиме првиот премиум co-working центар во Скопје, простор дизајниран да ги задоволи потребите на модерните професионалци. Сместен во срцето на најпрестижната деловна област во Македонија, овој ексклузивен работен простор носи неспоредлива флексибилност и продуктивност за компаниите од сите големини.

Бидејќи побарувачката за агилни, висококвалитетни работни простори продолжува да расте, овој центар ќе обезбеди врвни удобности и енергична средина прилагодена за соработка, иновации и раст. Заедно со IWG создаваме единствена дестинација која ќе ја зајакне професионалната заедница во Скопје и ќе инспирира нови можности за тоа како и каде работиме“, велат од Green Building DOO.

Работењето од дома е само една од локациите каде хибридното работење може да заземе дел. Во хибридниот модел на работа, вработените имаат флексибилност да работат и од дома и од канцеларија, обезбедувајќи баланс меѓу работниот простор.

Овој пристап обезбедува придобивки од работата на далечина, како што се зголемена флексибилност и намалено време за патување, додека истовремено одржува врска со физичкото работно место за моменти на соработка и тим-билдинг.

Безброј истражувања покажуват дека повеќето работници не можат да работат исклучиво од дома и имаат корист од балансот меѓу работата и личниот живот кој доаѓа како резултат на овие работни канцеларии блиску до домот.

International Workplace Group е водечки глобален снабдувач на флексибилни работни канцеларии со речиси 4.000 локации во повеќе од 120 земји, овозможувајќи пристап на членовите до сите локации и бизнис услуги преку апликацијата International Workplace Group.

Како што се забрзува моменталната транзиција кон хибридно работење, потенцијалот за понатамошен раст е експоненцијален, со околу 1,2 милијарди работници на глобално ниво и вкупен пазар од над 1,57 трилиони фунти. Побарувачката за конвенционални канцеларии ќе продолжи да опаѓа бидејќи бизнисите се повеќе бараат флексибилни работни решенија.

Во 2023 година, IWG обезбеди над 800 нови партнерски локации и вбројува 83% од Fortune 500 компаниите во својата клиентска база. Хибридното работење нуди значително пониски трошоци на компаниите, со просечна заштеда од 9.000 фунти по вработен.

Стратегијата за проширување на повеќе брендови на IWG е дизајнирана да го привлече секој вид бизнис и претприемач. IWG создава лична, финансиска и стратешка вредност за бизниси од сите големини, кај некои од највозбудливите компании и добро познати организации на Планетата до поединци и следната генерација индустриски лидери. Сите тие ја искористуваат моќта на флексибилното работење за да ја зголемат својата продуктивност, ефикасност, агилност и близина на пазарот.

За International Workplace Group PLC

International Workplace Group е глобален лидер во хибридни работни решенија и брендови за работни простори.

-Создаваме лична, финансиска и стратешка вредност за бизниси од сите големини, од некои од највозбудливите компании и добро познати организации на планетата до поединци и следната генерација индустриски лидери. Сите тие ја користат моќта на хибридната работна платформа на IWG за да ја зголемат нивната продуктивност, ефикасност, агилност и близина на пазарот. Неспоредливата мрежа на IWG вклучува околу 4.000 локации во повеќе од 120 земји, со 83% од Fortune 500 компаниите меѓу нашата растечка клиентска база.

Преку нашите брендови, вклучувајќи ги и Regus, Spaces, HQ и Signature, помагаме милиони луѓе и нивните бизниси да работат попродуктивно. Ова го постигнуваме со обезбедување на водечка светска хибридна работна платформа со професионални, инспиративни и колаборативни работни канцеларии и дигитални услуги, сите достапни преку апликацијата на International Workplace Group. За повеќе информации, посетете не на www.iwgplc.com, велат од таму.

За прашања за партнерство со International Workplace Group, посетете: iwgplc.com.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За пусти кликови македонските медиуми го умреа таткото на масовниот убиец од Младеновац

Редакција

Нови 333 случаи на Ковид-19, во Скопје 206

Редакција

Оглас за вработување по етничка основа и во Агенцијата за катастар на недвижности

Редакција