еМагазин
Image default
ЖИВОТ

„Секој ден, нов рецепт“ со Битолска павлака

„Секој ден, нов рецепт“ е слоганот на новата кампања за Битолска павлака, чија цел е преку интеракција со потрошувачите да им се понудат практични и едноставни идеи и рецепти за планирање оброци, да се едуцираат и советуваат за бројните можности за користење на павлаката во секој оброк.

Како дел од кампањата се новите пакувања на Битолска павлака на кои е имплементиран QR код на цело портфолио на Битолска павлака. При скенирање на кодот се насочуваат потрошувачите на веб страницата „Омилени рецепти со Битолска павлака“ каде со креирање на кориснички профил, добиваат пристап до збирка со рецепти, нови и инспиративни идеи за оброци кои откриваат бројни можности за користење на Битолска павлака.

Самиот профил овозможува секој корисник да креира свое неделно мени кое дава опција за полесно организирање на сите состојки кои недостасуваат, да ги подготви во листа која ќе користи при пазарувањето.

За првата и најпозната македонска павлака, во чие создавање е внесена традицијата и знаењето на Бимилк, како одговор на барањата и потребите на потрошувачите, развиени се нови начини на комуникација и интеракција кои создаваат дополнителна вредност токму за потрошувачите.

Во време кога многу потрошувачи се соочуваат со временски ограничувања и недостаток на инспирација при подготовка на оброци, со новите начини на комуникација овозможен е лесен пристап до совети и рецепти за употреба на Битолска павлака, нудејќи многу можности и опции за комбинирање на павлаката во секој оброк.

Битолска павлака со имплементиран QR код достапна е во пакувања од 180г, 400г и 700г и истата веќе е во продажба во целата малопродажна мрежа низ земјата.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Мехмедовиќ: Навреме побарајте помош, кај заразените од делта сојот дури за 4 пати е зголемена потребата од интензивно лекување и кислородна поддршка

Редакција

Милошоски оздраве од Ковид-19 после 21 ден болничко лекување

Редакција

Доктор Петличковски: Ќе стигнеме до колективен имунитет и без висок процент на вакцинирани, но плативме превисока цена со 9.000 починати

Редакција