За вчерашната заклетва на македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова, која не го употреби уставното име, реагираше и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Видео од заклетвата на Силјановска Давкова на која регираа Грција и ЕУ
Тој се огласи на Фејсбук и меѓудругото напиша дека нејзината свечена изјава е “незаконска и недозволива“.
„Чин кој го прекршува Договорот од Преспа и самиот Устав на нејзината држава. Но, и прави поткопување на иднината на нејзината државата, како што веќе изјавија претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел“, напиша Мицотакис.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европска унија реагира зашто Силјановска Давкова не употреби Северна Македонија
Тој потсети и на позициите на неговата партија, владејачката Нова демократија, кога била во опозиција, односно дека во 2019 година гласала против договорот од Преспа, како што вели, предупредувајќи тогаш на проблемите кои ќе ги создадат неговите неуспеси.
„Како влада го почитувавме грчкиот потпис на меѓународниот договор, кој е обврзувачки за земјата. Но, за жал, неодамнешниот развој на случувањата ја потврдува нашата цврста претпазливост“, пишува Мицотакис.
Тој ја повика Силјановска Давкова да се врати на нејзините законски должности и како што посочува, на однесувања кои произлегуваат од нејзината улога.
Порачува и дека секој чекор „на Скопје кон Европа„, меѓу другото, зависи и од употребата на уставното име“.
„Категорично наведуваме дека такви лапсуси нема да прифатиме. И повторуваме дека секој напредок во билатералните односи, како и секој чекор на Скопје кон Европа зависи од искреното почитување на договорот, од правилна употреба на уставното име на соседната држава и секако, од избегнување на провокации“, пишува Мицотакис.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Влада