еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Септември бил просечно топол, потпросечен во однос на врнежи

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираа дека изминатиот септември е карактеризиран како просечно топол месец со просечни количества врнежи на ниво на државата во споредба со многугодишните просечни вредности 1991/20, но со поизразено количество врнежи во северозападот на државата.

Средномесечната температура според УХМР се движела од 11,8 степени во Лазарополе до 21,9 во Гевгелија.

Споредено со просечните септемвриски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), годинашната температура е за 0,5 степени натпросечна на ниво на државата.

Највисоката максимална температура е измерена на 3. септември во Гевгелија и изнесувала 37,4 степени. Најниската минимална температура во текот на месецот е измерена во Лазарополе, на 30. септември и изнесувала -0,6 степени.

-Во почетокот на месецот, од 1 до 8., имаше топол бран, со максимална температура до околу 37,4 степени. Потоа беше просечно топло, а во одредени денови постудено, велат од таму.

Во септември месечната сума на врнежи варирала од 21,7mm во Демир Капија до 90,3 mm во Маврово.

-Врнежите беа од дожд. Максимално дневно количество на врнежи од 40mm е регистрирано во Маврово на 10. во месецот. Пообилни врнежи имало во средина на месецот.

Споредено со септемвриската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи е за 13 отсто под просечната на ниво на државата, велат од таму.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тројца работници повредени во експлозија во погон во Железара

Редакција

Здравствените установи ќе работат без прекин за време на министерскиот Самит на ОБСЕ

Редакција

СЗО: Има докази дека коронавирусот се пренесува преку воздух на јавни места кои се преполни со луѓе

Редакција