еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Се зголемуваат цените на бензините и дизелот

Од вечерва на полноќ цената на бензинот Еуросупер БС-95 се зголемува за 1 денар, а на бензинот Еуросупер БС-98, на Еуродизелот (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 1,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ)

Цената на Еуросупер БС-95 со новата одлука ќе изнесува 78 денари за литар, на Еуросупер БС-98, 80,50 денари, цената на дизелот ќе биде 72,50 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство, 72 денари за литар.

Цената на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,073 денари и еден килограм ќе чини 45,711 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Бугарија од тинејџер убиен 49-годишен македонски државјанин

Редакција

НЛБ Групацијата ќе инвестира до 200 милиони евра во дигитализација и вештачка интелигенција

Силвана Жежова

На 7 години одземена лиценцата на анестезиологот од Тетово, кој објавуваше снимки на пациентки на Тик ток

Редакција