еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Сите горива поевтинуваат

Од вечерва на полноќ поевтинуваат сите горива, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Бензинот Еуросупер 95 поевтинува за 1,5 денари, и ќе се продава за 77,5 денари за литар.

Бензинот Еуросупер 98 поевтинува за 1,5 денари, и ќе се продава за 79,5 денари за литар.

Дизелот поевтинува за 1,5 денари и ќе се продава за 72 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за 1,5 денари и ќе се продава за 71,5 денари за литар.

Цената на мазутот се намалува за 1,2 денари, и ќе се продава за 45 денари за килограм.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Пресечен меѓународен канал на транспорт на дрога од Албанија кон Грција во вредност од околу 200.000 евра, лишени од слобода 6 лица

Редакција

Украински гранични служби информираа дека руски копнени сили влегле во Украина

Редакција

Пукано врз најгледаната албанска телевизија „Топ чанел“, убиено лице од обезбедувањето

Редакција