еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Скопје ем загадено, ем без јавен превоз

Скопје со денови, како и секоја година, е на листата на најзагадени градови во Европа, но и во светот, а сега со денови има сериозен проблем и со јавниот превоз, средство со кое во нормални држави се намалува загадувањето, наместо масовно користење на автомобили, кои се едни од најголемите загадувачи на воздухот.

Деновиве во Скопје возат само 25 автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје, кои работат на гас, а другите не сообраќаат, бидејќи ЈСП не платил за нафта.

Во меѓувреме граѓаните не по своја вина се мрзнат на автобуските станици низ Скопје, а додека ги чекаат ретките автобуси, градските власти и владејачката ВМРО-ДПМНЕ меѓусебно се обвинуваат за хаосот со јавниот превоз во градот и не нудат никакви решенија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопје отровно како и лани, граѓаните рамнодушни

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТАВ ги бележи првите знаци на закрепнување на авиосообраќајот: 1,3 милиони патници опслужени за 11 месеци на скопскиот и на охридскиот аеродром

Редакција

Нови 135 случаи на Ковид-19 од 1.993 тестирања

Редакција

Ковачевски ќе има помалку советници од Заев

Редакција