Собранието има двотретинско мнозинство за уставни измени и веднаш штом ќе има политички договор, подготвено е да ја почне процедурата, вели претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши.
“Јавноста ги знае ставовите на политичкото мнозинство. Веднаш штом ќе има политички договор, уставните измени се клучно прашање за нас. Немаме најави за датум кога ќе почне постапката за промена на Уставот. Јас лично и повеќето граѓани очекуваме што поскоро.
Јас би сакал денеска, но мора да бидеме внимателни да не се случи, штом ги донесеме, за три месеци пак да ни се случи вето. Сепак, се работи за Устав. Ние и така сме рекордери по отворање на Уставот, сме го отвориле два месеца откако сме го донеле.
ЕУ интеграцијата е врвен приоритет и сите наши заложби се во таа насока,” кажа Гаши на брифинг со новинарите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема да има ни милиметар поместување од црвените линии за уставните измени, повтори Мицкоски
Уставните измени мора да се спроведат, повтори еврокомесарката за проширување Кос