еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Со банките Владата договорила каматна стапка од 1,95% за унгарскиот кредит за компаниите

Со банките Владата договорила каматна стапка од 1,95% за парите од унгарскиот кредит, наменети за компаниите, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски.

– Договорена е каматна стапка од 1,95 проценти, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата во зависност од потребите на компаниите. Ценам дека е ова историски договор со историска најниска каматна стапка, изјави Мицкоски.

За да добијат кредит компаниите ќе треба да имаат минимум 20% сопствено учество, а максималниот износ кој можат да го добијат е ограничен на 10 милиони евра.

-Тоа значи дека ќе имаме инвестициски бран од 300 милиони евра. Сите компании ќе имаат можност да ги вложат овие средства во основни средства за работа, во обновливи извори на енергија, како и во објекти кои ќе ги користат како свои административни згради, односно за сопствена потреба, рече Мицкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Воздухот се расчисти, се укинуваат мерките во Гостивар, Кичево и Кавадарци

Редакција

Објавен јавниот повик за финансиска поддршка за воведување на нови авио-дестинации

Редакција

Од петок стабилизирање на времето, за викендот до 13 степени

Редакција