еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

Со промоција на книгата „Вулкани и земјотреси“, одбележан 22 годишниот успешен развој на Адора Бизнис Групацијата

Со промоција на книгата „Вулкани и земјотреси“ од авторите проф. д-р Ванчо Чифлиганец, проф. д-р Михаил Гаревски и м-р Гуте Младеновски, синоќа во Скопје, Адора Бизнис Групацијата одбележа 22 години развој како успешна македонска градителска приказна.

Книгата „Планетата Земја – Нашиот немирен дом“ е прва популарна научно-стручна публикација на македонски јазик, наменета за популација од 7 до 77 години, со цел читателите да се запознаат со вулканите и земјотресите, начинот на кој тие се појавуваат, како и штетите и придобивките што ги носат со себе.

Рецензентот проф. д-р Блажо Боев смета дека авторите преку овој научен труд, на разбирлив јазик, кој се чита во еден здив, пред пошироката публика, ефектно ги објасниле феномените на вулканската и сеизмотектонската активност на Планетата Земја, што освен научен има и образовен карактер, а поединците ги мотивира на размислување.

Во време кога вулканите и земјотресите се сеуште актуелна тема, а на територијата на Македонија, регионот и пошироко сеуште се свежи сеќавањата од последиците на овие разорни природни појави, авторите на „Вулкани иземјотреси“ праќаат јасна порака дека знаењето, одговорноста и совеста се нашите најсилни алатки да изградиме безбедни домови и да обезбедиме сигурна иднина, за нас и за идните генерации.

На 22 годишнината од постоењето на Адора Бизнис Групацијата, менаџментот на чело со претседателот, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, потсети дека во рамките на високоградбата како примарна градежна дејност, изградени се над 40 репрезентативни станбено-деловни објекти во 3 држави, со вкупна површина од над 400 илјади m² и инвестиции со финансиски обрт од близу 1 милијарда евра.

Во над 3.000 домови и стотици деловни простории на брендот Адора, со вградени 220 илјади mᶾ бетон и над 18 илјади тони железо, спокојно и среќно живеат и работат над 13 илјади граѓани.

Освен во Македонија, Адора со свои недвижности е присутна во Србија и Грција, а од 2025 премиерно и во Словенија. Со диверзификација на бизнисот, Адора Бизнис Групацијата, со акционерски капитал значително навлезе во банкарскиот и финансискиот сектор во Македонија и во стратешки компани од државно значење.

Во енергетскиот сектор, Адора е сопственик на топлани кои речиси целосно го загреваат главниот град Скопје. Стопанисувајќи со производството на топлинска енергија, оваа македонска компанија, сега работи на проект за пионерска модернизација и огромно унапредување на дејноста во полза на граѓаните, животната средина и стопанството.

На корпоративната новогодишна прослава на Адора, беше претставен и нејзиниот најнов, круцијален проект Порта Скопје by Adora, кој се гради во централното јадро на македонската метропола, замислен како модерен комплекс, хармонична компилација на станбени објекти за хумано, урбано домување и А класа деловен центар со светски стил.

На настанот присуствуваа поглаварот на МПЦ, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, видни личности од општествено-економскиот живот во Македонија, голем број соработници и пријатели на брендот Адора.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две дози од вакцините штитат од делта сојот, велат од Европската агенција за лекови

Редакција

Катица Јанева го тужи Боки 13 за неовластено фотографирање, рочиштето одложено

Редакција

Австриските пожарникари со новогодишно изненадување за децата од Пехчево

Редакција