еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Српскиот музичар Ѓорѓе Давид ја прегазил жената која почина во сообраќајката кај Табановце

Од македонското Јавното обвинителство соопштија детали за сообраќајката која синоќа се случи на автопатот Куманово-Табановце, во близина на граничниот премин Табановце, во која загина 49-годишна жена од Куманово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За сообраќајката кај Табановце се огласи српскиот музичар Ѓорге Давид: Удрив во пешак

(Видео) 49-годишна жена загинала во сообраќајката на автопатот Куманово-Табановце

Таа како што соопшти Обвинителството била прегазена од возило со српски регистарски таблици, а за кое српските и македонските медиуми објавија дека го возел српскиот рок-музичар и член на жирито на српското музичко шоу “Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Николиќ, познат како Ѓорге Давид.

Жената излегла од едно од трите возила кои учествувале во сообраќајката по што била удрена од Николиќ.

-Според првичните сознанија, иницијалниот судар меѓу два автомобили, “Фолксваген поло” со кумановски и “Фолксваген голф” со скопски регистарски таблици, бил предизвикан кога најверојатно возачот на еден од автомобилите влегол на автопат во недозволена насока.

По тој првичен судар, патничката од кумановското возило излегла од автомобилот и во тој момент на неа налетал автомобил “Опел инсигниа” со српски регистарски таблици.

Од ударот жената се здобила со тешки повреди од кои починала, информираа од Обвинителството.

Издадена е наредба за обдукција на починатата, како и за испитување на примероци од крв и урина на другите учесници кои во моментов се хоспитализирани со полесни повреди, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Едно лице загина во сообраќајка на автопатот Куманово-Табановце

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Експремиерот не мирува: Саемот за книга „збогатен“ со нова книга од Никола Груевски

Редакција

Димитров: Постои обврска и Бугарија да не се меша во внатрешните македонски работи

Редакција

Владата вработува соработници, плата до 22.500 денари

Редакција