еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Тешка повреда на раката на 13-годишно момче од петарда, најверојатно и траен инвалидитет

Тешка повреда на раката и најверојатно траен инвалидитет, му предизвика петарда на 13-годишно дете на новогодишната ноќ, информираше директорот на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, Небојша Настов.

„Иако за време на самата новогодишна ноќ немаше повреди од петарди или огнено оружје, во претпразничниот период беа регистрирани 50 случаи, главно кај малолетници од 12 до 17 години,“ истакна Настов, кој додаде дека се користат петарди со поголемо барутно полнење, кои предизвикуваат сериозни и трајни оштетувања.

Во текот на ноќта биле извршени 81 прегледи, од нив пет биле последица на сообраќајни несреќи, тројца од физички пресметки, а извршени се и три оперативни интервенции.

Доктор Игор Мерџановски од ТОАРИЛУЦ, Ургентниот центар, КАРИЛ и Ортопедија, информира дека за време на ноќта биле извршени околу 35 прегледи.

„Од нив, девет се сообраќајни несреќи со лесни повреди, а пациентите се пуштени на домашно лекување. Имавме и два случаи на физички напад – едниот пациент беше задржан на опсервација.

Детето со сериозна повреда на раката од петарда е оперирано на Детската клиника за хирургија, но за жал, раната најверојатно ќе резултира со траен инвалидитет,“ изјави Мерџановски.

Меѓу пациентите имало и странски државјанин во алкохолизирана состојба со повреда на носот и главата, кој е згрижен и пуштен на домашно лекување.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Велешанец тешко повреден по пад од мотоцикл „Томос“

Редакција

Министерството за образование и наука склучи договор со “Телелинк бизнис сервисис“ вреден 589.7 илјади евра

Редакција

Криумчари на мигранти бегајќи од полицијата се забиле во бетонски ѕид

Редакција