еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Трговците ги зголемија цените пред да стапи одлуката за маржата да се намали, велат од ССМ

Пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) покажуваат дека во септември минималните трошоци на едно четиричлено семејство изнесуваат 61.306 денари, што е зголемување за 107 денари во однос на август кога истите трошоци изнесувале 61.199 денари.

„Загрижува податокот во делот на трошоците за Исхрана и пијалоци за месец септември кои изнесуваат 23.034 денари споредено со месец август (22.317 денари) и истите како трошок се зголемени за 717 денари, што покажува дека трговците во текот на месецот ги искористија најавите за воведување на ограничени маржи или цени за да ги зголемат цените на основните прехранбени производи пред објавување на Одлуката на Владата во Службен весник и на тој начин дополнително да се збогатат и да си осигураат зголемени цени и во наредниот период, односно за време на траењето на Одлуката за ограничени маржи на штета на граѓаните и работниците во Македонија,“ велат од ССМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Намалување на маржата на 10% на основните прехрамбени производи стартува денеска

На кои 73. производи им се ограничи маржата

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Силјановска Давкова ќе оди во Ватикан и Рим, ќе се сретне ли и со Радев?

Редакција

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони склучи договор со „Зобек мининг груп„, вреден 5,7 милиони евра

Редакција

МНР на Бугарија: Условите за меѓувладина конференција со Македонија не се исполнети

Редакција