еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Видео) Тројца нови монаси во Бигорски манастир, едниот по потекло од Финска

Во навечерието на празникот Усекновение на Чесниот Претеча и Крстител Јован, на Вечерната богослужба, во пресрет на манастирската слава на Бигорски манастир, се замонашија тројца монаси Јајка Силккола од Куопио, Финска, Деан Божинов од Радовиш и Оливер Марковски од Куманово.

Нивните нови монашки имиња се Елисеј, Пантелејмон и Евстатиј. По неколку години искушенички подвиг, тие се духовни рожби на Епископ Антаниски г. Партениј.

Свештениот чин на монашки постриг го изврши Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

„Отсега вие ќе бидете отсечени од старите имиња и ќе ги имате како спомен и сон. Од вечерва ве поверуваме на небесните покровители, на вашите застапници чии имиња носите. Во св. Писмо пророкот вели: ,,Добро е за човекот да го носи јаремот свој во младоста своја“ (Плач. 3,27).

Вие како млади ги  зедовте монашките завети, а тоа е бремето на  послушност, целомудреност  и сиромаштво. Ќе имате и време и сили да ги носите. Желбата за тоа вие веќе ја искажавте. Пројавувајте усилби и да ги исполните.

Послушанието е Божјата света волја, а истото е задолжителен долг на монахот кој се одрекол од себеси и заживеел за Бога и за ближните, следејќи ги зборовите на Христови: „Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, и нека го земе крстот свој и нека оди по Мене“ (Мк. 8,34).

Грижата на црковното раководство, на духовниот старец, на игуменот и на постарите  манастирски браќа по патот на духовното растење, исто така, налагаат почитување и послушност и сообразување со нивните богати совети и полезни поуким,“ изјави меѓудругото во беседата Митрополит Тимотеј.

Финецот Јаика Силккола (Елисеј) во Бигорски манастир е од 2020 година, таму останува искушеник, со намера да стане монах.

Пред да дојде во Бигорскиот манастир работел во Светата Митрополија и културниот центар „Света Софија“ во Хелсински 2018-2020 година кај Митрополитот Амвросиј.

Во меѓувреме Елисеј го научи македонскиот јазик и доби македонско државјанство.

Извор/фото/видео: bigorski.org.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спасовски е негативен на корона вирусот, но сепак ќе остане во изолација

Редакција

Најмалку тројца загинати во судир на автобус од Србија и две возила во близина на границата со Македонија

Редакција

„Адора Инженеринг“ повторно ја зголеми сопственоста во Комерцијална банка

Редакција