еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Уапсени поранешен министер, помошник, директори и градежници за несреќата во Нови Сад

Министерот за градежништво на Србија, Горан Весиќ кој си поднесе оставка поради трагедијата во Нови Сад, кога се сруши бетонска настрешница на железничката станица и загинаа 15 лица, е уапсен заедно со уште 11 други лица.

Весиќ на својот Инстаграм профил објави дека „не е уапсен туку доброволно се одзвал на повикот на полициските службеници, со кои дошол во Нови Сад и се ставил на располагање на истражните органи.“

Помеѓу уапсените се и поранешната директорка на „Инфраструктурата на железницата на Србија“, Јелена Танасковиќ и Небојша Шурлан и помошничката на министерот за железнички сообраќај Анита Димоски.

Според соопштението на Вишото јавно обвинителство „ Ј.Т., Г.В., А.Д. и Н.Ш. сториле кривично дело Тешко дело против општата сигурност од член 288 став 2 од Кривичниот законик во врска со кривичното дело Предизвикување општа опасност од член 278 став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик, а осомничените: С.Н., М.Ј., Љ.М.М., М.С., Д.Ј., М.Г. и Д.Т. извршиле кривично дело Тешко дело против општата сигурност од член 288 став 2 од Кривичниот законик во врска со кривичното дело Непрописно и неправилно изведување на градежни работи од член 281 став 1 од  Кривичниот законик. За наведените кривични дела пропишана е казна затвор од 2 до 12 години.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина една од повредените во несреќата на Железничката станица во Нови Сад, бројката на загинати се искачи на 15

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема починати од Ковид-19 во изминатите 24 часа

Редакција

СЗО: Потребна е вакцинација на 60-70% од популацијата за се спречи Ковид-19

Редакција

Заев и Рама: Ние сме Европа, без разлика дали ЕУ ќе успее да ги тргне блокадите или не

Редакција