Градска кафеана „Идадија“ на својот Фејсбук-профил споделија несекојдневна, но убава информација. Имено, еден од нивните вработени заминува во пензија, а бил еден од најдобрите келнери.
„Драги пријатели на „Идадија“, еден од ретките и најдобри келнери се пензионира токму во „Идадија“.
Жаре е пример како некој си ја сака од срце својата професија и неуморно до последен ден остана со колегите.
Нека ти е среќно пензионирање Жаре,“ пишува на фејсбук-профилот на Идадија.
Угостителскиот сектор е еден од оние во кој има најголема флуктуација на вработени, па тешко е да се задржи келнер, а камоли тој да се пензионира на едно место.
Услугата генерално опаѓа, бидејќи нема квалификуван кадар, а квалитетните најчесто заминуваат надвор од државата.
Фото. Фејсбук/Идадија