еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Епохални откритија во струшко Корошишта: Пронајден бронзен шлем, златни прстени и фолии…

Некропола од архајскиот период (6 век пр. Христа) е пронајдена во струшкото село Корошишта, а дел од 80. наоди денеска и беа презентирани на јавноста.

Пронајдени се бронзен шлем, златни прстени, килибарни и стаклени перли, златни фолии со различни форми и декорација, сребрени игли, бронзен сад за вино, сребрен кантарос, бронзени чинии…

Новите пронајдоци се резултат на археолошките истражувања од проектот за „Систематски археолошки истражувања на архајската некропола Корошишта“ на Археолошкиот музеј Скопје, што се одвиваат на локалитетот Расница во атарот на Корошишта.

Како што информираа од Министерството за култура и туризам се започнало во 2020 година кога Шефит Шемшедини при извршување на земјоделски работи во атарот на Корошишта, открил бронзен шлем, кој потоа го предал во Завод и музеј Охрид.

Во 2023 година тимот од Археолошкиот музеј добил согласност од сопственикот на нивата, Букури Шемшедини, за вршење археолошки истражувања.

Фото: МКТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

6 лица од новозаболените со коронавирусот во Македонија со претходни заболувања

Редакција

МВР откри група што продавала лажни тестови за Ковид-19, приведени седум лица

Редакција

Тепаниот во Македонија не е бугарски државјанин, туку еден од напаѓачите, вели бугарскиот пратеник Лорер

Редакција