еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Фото) Нашата Горјана-Џоја заштитно лице за српскиот бренд МОНА

Во агендата на моделите помеѓу другите работи стојат и датуми каде мора во точно време да се појават па дури и да се претходно на другата страна на светот.

„Тоа се случи со нашиот интернационален модел Џоја како што милуваат да ја ословуваат во светските модни центри. Додека престојуваше и работеше во Париз и стигна итен мејл дека мора да се појави во Рим за да ја изработи кампањата на брендот Мона за претстојната сезона.

Снимањето и фотографирањето траеше неколку дена каде нашата убавица мораше да промени над 20 стајлинга, возеше веспа низ улиците на раскошниот Рим и атрактивно чекореше на најпознатите Шпански скали.

Инаку брендот Мона е познат по совршените обувки и префектно изработените чанти кои во последно време пратејќи ги светските трендови ги изработуваат со еко материјали. Периодов Кулишевска повторно беше во Милано каде работеше кампања овој пат за италијански бренд која ќе излезе наредната сезона,“ гордо изјавија од нејзината матична агенција Моделс Ин Менаџмент.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Војната во Украина покажа дека Европа не е доволно силна за сама да и се спротистави на Русија, оцени финската премиерка Марин

Редакција

Обвинетите во случајот „Двојник” вкупно осудени на 16 години затвор

Редакција

(Видео) Афера „Паразити“: ВМРО-ДПМНЕ ги објави платите на Жерновски и директорот на Тутунски комбинат Прилеп

Редакција