Јован Јованов и Пајак снимија дует и направија ремикс на хитот „Магија“.
Песната „Магија“ во изведба на група „Магија“ беше победник на Макфест во 1998 година и се уште се слуша по нашите радио станици и ноќни клубови.
По желба на Пајак, Јован после 14 години ќе запее повторно „ќе ми треба магија“ и тоа во дует со Пајак.
За песната е направен нов аранжман и целосна продукција од страна на неговиот брат Иван Јованов Ивајо. Песната заедно со спот наскоро ќе биде промовирана на Урбан Рекордс.
Јован Јованов последнава декада живее во Канада и работи како музички продуцент и е добитник на многу значајни награди и признанија во областа на музичката индустрија во Канада. Многу македонски хитови напишани од него се уште останаа да се слушаат и пеат.
„Овој дует се надеваме дека ќе биде едно убаво освежување за македонската музичка сцена, но и поттик за нови проекти за во иднина,“ изјави Јованов.