еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Ќе се обесштетат 108 баратели на денационализација од 2023 година

Министерството за финансии ја издаде 23-тата емисија на Обврзници за денационализација во вредност од 1,5 милион евра, со која се обесштетуваат баратели со правосилни решенија за денационализација донесени во период од 1. јануари 2023 до 31. декември 2023 година, информираат од таму.

Станува збор за обесштетување на вкупно 108 баратели.

„Обврзниците за денационализација се хартии од вредност кои ги издава Министерството за финансии, во евро валута, а гласат на име, и се неограничено преносливи. Номиналната вредност и каматата од 2% годишно на имателите на обврзници се исплаќа еднаш во годината во период од 10 години, односно на 10 еднакви рати, а за оваа емисија исплатата ќе започне од 1 јуни 2025 година.

Имателите на обврзницата може истата да ја материјализираат, односно со неа може да тргуваат на секундарниот пазар на Македонската берза.

Согласно Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација, Министерството за финансии, почнувајќи од 2002 година, еднаш годишно врши емисија на обврзници за денационализација, а Владата со одлука го утврдува износот на обврзниците за денационализација коишто се издаваат.

Државата досега има издадено 22 емисии на обврзници за денационализација на износ од 397 милиони евра,“ се вели во соопштението.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Град Скопје троши за јавни набавки колку 46 други општини заедно

Редакција

(Галерија) Пендаровски ги одликуваше Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов, Ремзи Несими и Живко Мукаетов со Орден за заслуги

Редакција

Македонските граѓани ќе може да донираат средства за настраданите во Бејрут преку сметка и телефонски броеви

Редакција