Таткото на Фросина Кулакова, Тодор Кулаков, денеска откако беше соопштено дека Васил Јованов, кој ја усмрти неговата ќерка доби 12 години затвор, меѓудругото изјави дека во возилото со кое управувал Јованов имало уште три лица.
Освен за корупција и неправда, обвини и за уништување на докази од извесно лице Лорен, кое било на совозачкото седиште во автомобилот со кој управувал Јованов, со кое ја прегази Кулакова.
Тој, според него, снимал додека се возеле, а снимката потоа била избришана.
„Никој не обрна внимание на мноштво од сведоците кои беа прикривани и должни да одговараат пред законот за уништување клучни докази, како совозачот Лорен, кој додека се возеле снимал и потоа таа снимка ја брише, а од која многу други работи ќе беа откриени…
Така казната ќе беше многу поголема, но и за другите тројца во автомобилот. Каде се тие сега, каде се. Овој систем ги сокри нив. Системот треба да одговара за соучесништво во прикривање на убиство“, рече тој.
Тој најави и протести, а се сомнева и дека родителите на Јованов однапред ја знаеле висината на казната бидејќи, како што рече, денеска изгледале релаксирано во судницата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Васил доби 12 години затвор за усмртувањето на Фросина, татко и ја напушти судницата