еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

10 лица од новозаразените со коронавирусот со претходни заболувања

Во Македонија вчера беа регистрирани 29 нови случаи на заразени со коронавирусот.

“Тестирани се вкупно 349 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, од кои позитивни се 29.

Потврдените случаи се од 8 градови.

Регистрирани се случаи во скоро сите возрасни групи, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 14 женски и 15 машки лица.

Регистрирани се 5 хоспитализирани лица.

Кај 10 лица е регистрирано присуство на коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).

Вкупно 18 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а не се регистрирани лица кои имале историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена)“, стои во анализата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), која еМагазин секојдневно ја пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

135 лица до 19 години во Македонија заразени со коронавирусот, просечната возраст 46

(Фото) Како изгледаат прашалникот и изјавата за согласност за интервенција, кои ќе ги пополнуваме кај стоматолог

Нова реалност: Купена облека ќе пробуваме дома, на летување со тест за Ковид-19, на забар ќе ни мерат температура

Табела: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради поплавите, Македонија ќе испраќа војници во Словенија, побарана помош и во механизација

Редакција

Истрагата за автобуската несреќа во Бугарија покажува дека возачот се движел со несоодветна брзина

Редакција

Ќе остане ли на чело на СЈО, Катица Јанева

Редакција