еМагазин
Image default
Ретро ТОП СТОРИИ

119 години од загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев

Денеска се одбележуваат 119 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев.

Собраниска делегација предводена од потпретседателот на Парламентот, Горан Мисовски и пратениците Марија Георгиевска и Бети Стаменкоска-Трајкоска денеска ќе положат цвеќе во црквата „Свети Спас“, на гробот на Гоце Делчев. Цвеќе ќе положат делегации од други државни институции, здруженија и граѓани.

Воедно, во Собранието ќе биде доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2022 година за особено значајни остварувања од интерес за Република Северна Македонија од областа на науката.

Револуционерот Делчев на денешен ден во 1903 година бил убиен од турската војска во селото Баница, на пат кон Сер.

Визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола.

Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.

По убиството во 1903-та, неговите посмртни останки се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков.

Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најпознатите цитати од Гоце Делчев кажани за Македонија: „Македонија има свои интереси и своја политика, тие им припаѓаат на сите Македонци“

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите патишта викендов водат кон Грција: На граничниот премин Богородица, изминатите 24 часа од земјава излегле повеќе од осум илјади туристи

Редакција

Штрајкот продолжува: СОНК не чувствува одговорност за прекинот на воспитно-образовниот процес

Редакција

ЕБОР: Растот на македонскиот БДП годинава 2%

Редакција