еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

130 деца од Скопје, Кавадарци и Пробиштип и ова лето пливаа и уживаа со пливачките школи организирани од „Еуролинк осигурување“

Вчера на градскиот базен во Пробиштип се одржа завршниот час од третата по ред пливачка школа за оваа година „Пливај и уживај“, организирана од Еуролинк Осигурување. Поаѓајќи од минатогодишните позитивни искуства, и оваа година Еуролинк Осигурување им овозможи на 130 деца да пливаат и да уживаат со пливачките школи во Скопје, Кавадарци и Пробиштип.

Децата на возраст од 8 до 12 години успешно ги совладаа четирите основни техники во пливањето без помош на пливачко помагало – пловка. Наставата на часовите се реализираше по УССВИМ програмата (Американска програма за обука на деца непливачи) под раководство на проф. д-р Наташа Мешковска и нејзиниот тим.

 На завршниот час од секоја школа, на учесниците им беше доделена диплома за успешно завршена пливачка школа.

На наша голема радост интересот за пливачките школи и оваа година беше голем  не само за пливачката школа во Скопје туку и за останатите градови. Децата, покрај тоа што научија да пливаат, создадоа нови пријателства и се стекнаа со ново искуство, со надеж дека некои од нив ќе започнат и професионално да се занимаваат со овој спорт.

Со вистински вредности, до здрави, среќни и успешни деца. Се гледаме на некоја од следните возбудливи активности.

Активноста е дел од платформата за Корпоративно општествена одговорност, „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“ во која годишно се реализираат повеќе проекти од областа на образованието, уметноста и културата во Република Македонија.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Коста Петров утре ќе ја промовира првата детска сликовница и шеста книга „Се што би сакал да знаев порано“

Редакција

Влијателните американски медиуми со одлични рецензии за „Медена земја“

Редакција

Џентлмените на мотори во Скопје собраа 2.242 долари

Редакција