еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

14-годишна девојка и 17-годишно момче најмладите пациенти на Токсикологија за новогодишната ноќ

14-годишна девојка и 17-годишно момче се најмладите пациенти на Токсикологија примени за време на новогодишната ноќ, информираше директорот на Клиниката, Андон Чибишев.

„Најмладата пациентка меѓу жените има 17 години, додека најстарата е на 26 години. Кај мажите, најмладиот пациент има 14 години, а најстариот е 38 години,“ изјави Чибишев.

Вкупно 22 пациенти побарале медицинска помош, 18 биле со акутни труења од алкохол. Четири од нив се жени, а 14 мажи. Меѓу пријавените случаи имало и пациент кој измешал алкохол со таблети. Сите пациенти се пуштени на домашно лекување.

Според Чибишев, годинава се примени помалку пациенти споредено со претходните години.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателот на Европскиот совет, Мишел не потврди дали идната недела ќе се тргне ветото за Македонија

Редакција

Бојан Стојаноски именуван за заменик-претседател на Македонската банкарска асоцијација

Редакција

ЗНМ: Полиција или цензори, скандалозно избришан видео запис на ТВ21

Редакција