еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

15 фамилии го ставија Скопје во карантин

Од денеска во 21 часот па до 5 часот наутро во понеделник главниот град на Македонија, Скопје повторно оди во карантин, поради драстичниот раст на бројот на заразени со корона вирусот.

Вчера во Скопје беа регистрирани 59 нови случаи, а заклучно со последните податоци, бројот на активни случаи е 396, а досега од Ковид-19 се заразиле вкупно 987 лица.

Како и претходните денови најмногу новозаразени има во Чаир.

Директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, Арбен Зибери за Топ Тема на телевизијата Телма изјави дека најголемиот број на заразени во Скопје се членови на исти семејства.

Тој рече дека се регистрирани 15 фамилии од кои потекнуваат 90 проценти од новозаболените во градот.

Статиститката според него покажува дека најголемиот број од новите случаи се заразиле преку одење на гости, ручеци и вечери, односно преку поголеми собири.

Зибери рече и дека одреден број од анкетираните контакти или заболени не им даваат точни информации на епидемиолозите.

“Многу често ни даваат лажни податоци, многу е важно луѓето да соработуваат и да бидат искрени во одговорите затоа што така побрзо ќе ги најдемем контактите и ќе ги тестираме луѓето“, рече Зибери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детална листа на општини во Скопје во кои има активни случаи позитивни на корона вирусот

Двајца од новопочинатите од корона вирусот немале контакт со потврден случај, еден без претходни заболувања

“Не можеш по Чаир, удри по Скопје„: Твитер реакции за враќањето на полицискиот час

Најмногу во Чаир, Центар и Бутел: Во кои скопски општини се новите случаи на заразени со корона вирусот

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отсуството на Слободан Богоески го одложи судењето за „Маџар телеком”

Редакција

Jанкулоска за ТВ21: Се наоѓам во Македонија и на крај памет не ми паднало да заминам било каде

Редакција

Со хронични здравствени состојби 308 лица од заразените со коронавирусот во Македонија

Редакција