еМагазин
Image default
Ретро ТОП СТОРИИ

15 години од смртта на Трајковски: Останува нејасно зошто е пренасочена локацијата каде да се бара авионот

Денеска ќе бидат одбележани 15 години од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар.

Во авионската несреќа што се случи на 26 февруари 2004 година загинаа претседателот Трајковски и осумчлена делегација која патуваше на Меѓународна конференција во Мостар.

За несреќата која се случи во атарот на Матиќ Брдо кај селото Хусковиќи, во близина на Мостар, за причините за падот на „кингерот“, за тоа дали се случила авионска несреќа или било „тероризам“, од тогаш досега беа изврешени две истраги и објавени два извештаја, на две комисии со кои раководеа Салко Бегиќ и Омер Кулиќ, а во кои учествуваа и наши експерти.

И во двата извештаја, кои се разликуваат, сепак, како причина за падот на „кингерот“ се наведуват пилотски грешки и други индиректни системски пропусти.

На барање на државава, со поддршка од европратеникот Андреас Грос, по собирањето на дополнителните докази од страна на нашето МВР беше отворена нова истрага во јануари 2013 година која ја водеше Кулиќ.

Во првиот извештај како директна причина за падот на „кингерот“ се наведени „процедурални грешки во приодот за слетување, по висина и по место, на аеродромот во Мостар, на контролиран лет“. Во вториот се наведени и системските пропусти, а е објавен и транскриптот од црната кутија односно целиот разговор меѓу пилотите и разговорот со контролата на летање.

Седум постапки во текот на летот од страна на пилотите и пет системски грешки на надлежни институции во нашаат земја и во Босна и Херцеговина се причините за уривање на „кингерот“, стои во новиот извештај што го презентираше Кулиќ.

Нашата земја во целост ги прифаќа наводите со дополнителни предлози што се однесуваат на ВОР системот, самата процедура, барањето и спасувањето по падот на кингерот и формулацијата за пловидбеноста на воздухопловот. Но, за нашата држава е нејасно зошто е пренасочена локацијата каде да се бара авионот, иако Кулиќ вели дека контролорот на летање знаел каде е урнат авионот.

Во авионската несреќа покрај Трајковски, животот го загубија портпаролот Димка Илкова Бошковиќ, советниците Ристо Блажевски и Анита Лозановска, претставникот на Министерството за внатрешни работи Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, како и пилотот и копилотот на авионот.

МИА/Фото: Википедиа

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иванов за Трајковски: Малкумина ги разбираа неговите вредности и принципи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фудбалската федерација на Македонија треба да го промени името, вели Заев

Редакција

Каков имот пријавил суспендираниот судијата Мустафа Шахини, чии мандат е продолжен за две години

Редакција

Твитер „полуде“ за новото видео со Груевски: „Украде милијарда за да јаде во Унгарија“

Редакција