еМагазин
Image default
Да помогнеме

1.500 евра за лекување на Јоце не се собраа за месецов, да му дадеме шанса во мај

За жал не успеавме да дособереме средства за Јоце за закажаниот третман во Москва што требаше да се случува сега во март, третманот чини 6.500 евра, нас ни недостасуваат само 1.500 евра, за жал го одложивме повторно, инфромираше неговата сестра Цуки Недевска.

„Јоце прави поголема пауза и стагнира со лекувањето. Среќа Русите не не казнуваат за тоа што не доаѓаме на закажан рок и разбираат дека во Македонија се функционира на хуманитарна база и дека здравството не покрива ваков тип на лекување со матични клетки, па сме приморани сами да се снаоѓаме на разни начини. 

Краен рок ни дадоа 10. мај. До тогаш треба да собереме уште 1.500 евра + авионски карти (но за тоа се снаоѓаме од наши лични работи). Броевите за донации траат уште еден месец. Се надевам дека ќе бидете со нас и ќе успееме во целта.Може да донирате 100 денари на некои од броевите, или пак со купување на рачно нацртана шолја по цена од 300 ден“, информираше Недевска.

Броеви за донации:

Телеком 143 109

Вип/Оне 143 466

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворени пунктови за собирање хуманитарна помош за Украина

Редакција

Потребни се 3.000 евра за деветгодишната Љупка која боледува од церебрална парализа

Редакција

И требаме на деветмесечната Илина која треба да се лекува од тумор на надбубрежна жлезда

Редакција