еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од 2.342 тестови во Дебар 35 позитивни на коронавирусот, покажа скрингот на населението

Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, на денешната прес-конференција рече дека е добиена битката со Ковид-19, но не и војната, за што апелираше до граѓаните и понатаму да ги почитуваат мерките и препораките.

-Состојбата со пандемијата со Ковид-19 е стабилна, за што јасно говорат податоците дека во општините Дебар и Центар Жупа нема повеќе заразени. Во самоизолација е само едно лице кое претходно било во државен карантин.

Тоа значи дека битката е добиена, но, не и војната со овој невидлив непријател. Затоа барам од граѓаните, како и до сега, доследно да ги почитуваат мерките и препораките на надлежните, порача тој.

Дука, кој раководи и со општинскиот Оперативен штаб информираше дека успешно е завршен скринингот за имунитет кај населението.

-Од страна на 17-те матичните лекари успешно е завршен скринингот за имунитет на населението во двете општини. Направени се 2.342 тестови при што само кај 35 лица резултатот бил позитивен, односно развиле имунитет.

Од оваа бројка 18 се лица кај кои била дијагностицирана болеста, додека кај 17 се лица кои ја прележале болеста без никаков симптом, а се членови или роднини на заболените, информираше Дука.

Во Дебар повеќе од дваесет дена нема новозаразени со Ковид-19, а последниот случај на заболен беше внесен во списокот на оздравени во петокот, на 1 мај. Вкупната бројка на заразени е 51. Од нив 47 оздравени, а четворица се починати.

Безбедносната состојба во текот на продолжениот викенд, додаде Дука, се каратетеризира со еден обид за кражба и осум непочитувања на одлуката за забрана за движење, нема нарушувања на јавниот ред и мир, ниту сообраќајни незгоди.

МИА/Фото: Општина Дебар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно 1.518: Седум нови случаи на заболени со коронавирусот

Убава вест: Излекувани уште 47 пациенти од коронавирусот, вкупната бројка 992

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за правда ја комплетира документацијата за екстрадиција на Груевски

Редакција

Спорот меѓу Обвинителство и Финансиска полиција ги покажува системските слабости во функционирањето на двете институции, смета Ивановска

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Македонија

Редакција