Осумнаесет годишно момче загина откако излетало од пат.
Станува збор за Р.Н., а несреќата се случила вчера на локалниот пат село Јакимово – село Истибања, Виничко, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Момчето управувало патничко возило „фолксваген голф“ со винички регистарски ознаки, а починало на лице место.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.