еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Каков имот има Џеф Безос, најбогатиот човек во светот: Авион, апартмани, скапи возила…

Основачот на американската компанија „Амазон“, Џеф Безос (54) повторна стана најбогатиот човек на светот со богатство од 150 милијарди долари, објави агенцијата Блумберг.

Се смета дека богатството на неговиот најголем конкурент за позицијата најбогат човек на светот, кој се наоѓа на втората позиција, основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс изнесува 55 милијарди долари помалку. На трето место се наоѓа Ворен Бафет со 83 милијарди долари.

Каков имот поседува Безос

Како и секој милијардер, и Безос има неколку куќи и апартмани, секако авион, голема колекција на скапи автомобили, колекција на скапи часовници, накит, голем број недвижнини…

Според Вашингтон пост неговата куќа во Медина, Вашингтон вреди околу 23 милиони долари, а куќата пак во Беверли Хилс е проценета на 24,2 милиони долари.

На Менхетен во Њујорк, има три споени апартмани, кои според Wealth-X, вредат околу 17 милиони долари.
Освен Амазон, тој ја поседува и компанијата за вселенски туризам, Blue orgin.
Според Wealth-X, има свој приватен авион, марка-Gulfstream G-650ER.
Според Бизнис инсајдер има инвестирано и во Гугл, Убер и многу други познати светски компании.

IFrame

Фото: Scott Olson/Getty images/Бизнис инсајдер/Ricky Carioti/Getty images/Вашингтон пост/Gulfstream/Видео: Vidello Productions/Salmon Raju
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Бовин, првата приватна винарија во Македонија прослави 20 години

Редакција

АХВ забрани увоз на свинско месо и преработки од Србија поради африканска чума

Редакција

Судење за „Рекет“: Радуловиќ и Туцаковиќ му дале пари на Боки 13 за телевизијата и за лекови од Италија

Редакција