еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

24-годишник од Кочани се обидел со нож да убие сограѓанин при продажба на мобилен телефон

24-годишник од Кочани се обидел со нож да убие сограѓанин при продажба на мобилен телефон.

Како што информираа од Јавното обвинителство тој завчера се договорил со оштетениот да се најдат на паркинг простор кај Споменикот на слободата во Кочани заради купопродажба на мобилен телефон, а кога се сретнале влегол во неговото возило, седнал на совозачкото место и започнал да разговара со него и да го разгледува мобилниот телефон.

По кратко време, од џебот извадил нож и му задал удар во витален дел од телото во пределот на главата и вратот под брадата, нанесувајќи му отворена рана од околу 2-3 см.

Ножот за среќа се се скршил, а осомничениот продолжил со дршката уште неколку пати да го удира оштетениот.

Нападнатиот му ја фатил раката и го спречил, по што момчето се извлекол од возилото и со трчање побегнал од местото на настанот.

-Поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците и да ја попречува кривичната постапка, но и реална закана да го повтори или да го доврши обиденото кривично дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кочани поднесе предлог за определување мерка притвор.

Судот ја прифати основаноста на предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, велат од Обвинителството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До 17 часот излезноста на парламентарните избори 46,93%

Редакција

Бугарија ја промени одлуката: Македонските граѓани сепак ќе може да влегуваат во државата од 20 јануари, со задолжителен ПЦР-тест

Редакција

БДП пораснал за 0,6% во четвртиот квартал лани

Редакција