еМагазин
Image default
Убава приказна

27. роденден на Првата детска амбасада во светот Меѓаши

Првата детска амбасада во светот Меѓаши е најстара граѓанска организација во Република Македонија за заштита на правата на детето, основана на 29 април 1992 година во Скопје.

Таа ги застапува и заштитува правата на децата, се залага за одговорно родителство и почит кон детската личност.

Меѓаши континуирано работи на зајакнување на граѓанското движење за доброто на децата и функционалност од страна на институциите во најдобар интерес на детето. Амбасадата го промовира мировниот активизам и волонтерство, развивајќи активно граѓанство засновано на принципот на ненасилство.

Во изминатиот период (1992-2019) Амбасадата ја остварува својата дејност спроведувајќи мониторинг на детските права и промоција на правата на детето во Република Македонија и пошироко застапувајќи ги потребите и интересите на децата пред институциите и пошироката јавност; преземање иницијативи за унапредување на законската регулатива за заштита на децата во Република Македонија и нејзина имплементација како и активности за институционализација на мировното образование. Овие домени остануват од примарен интерес и во наредниот период.

Неколку клучни вредности и принципи во работењето на Детската амбасада Меѓаши се:

Партиципација (учество, вклученост) на децата и возрасните во процесите на одлучување за прашања кои се од нивен интерес, Волонтерски пристап во заштитата на правата на децата, Промовирање и практикување на мир, ненасилство и почитување на ставовите и однесувањата на другите, Еднакви можности за сите во остварувањето и почитувањето на нивните права; Отчетност, одговорност и непартизираност во работењето на организацијата.

Главното мото на Детската амбасада Меѓаши е: „Сите идеали на светот се побеззначајни од солзите на едно дете”.

За овие 27 години (1992-2019) регистрирани се над 20.000 повици на СОС телефонот. Над 1.200 волонтери земале учество во активностите. Истите одработиле над 700.000 работни часа. Нивната работа пресметана во пари е над еден ипол милиони евра.

Поделени се преку 100 тони хуманитарна помош. Повеќе од 1.500 натписи за активностите на амбасадата излезени се во печат. Над 2.000 деца ги посетувале бесплатинте детски работилници. Околу 8.500 деца се зачлениле во Првата детска амбасада во светот Меѓаши.

Повеќе од 500 деца биле опфатени во летните кампови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Групацијата Аутомакедонија одбележува 75-годишен јубилеј

Редакција

(Фото) Њу Момент прослави 30 години од постоењето и градењето успешна приказна на маркетинг-пазарот

Силвана Жежова

Преку програмите на Брејнстер над 1.000 лица годинава ќе се обидат да дојдат до нова дигитална кариера

Редакција