еМагазин
Image default
Бизнис

288.377 Македонци летово биле во Грција

Најфреквентниот граничен премин „Богородица“ во периодот од 15 јуни до 15 септември, кој се смета за главна туристичка сезона, на влез и излез од земјава го поминале вкупно 1.536.184 туристи, што во споредба со лани претставува зголемување за околу 15 отсто, изјави денеска за МИА командирката Јасмина Аврамска.

Во изминатиот тримесечен период на излез од земјата биле регистрирани 830.456 патници, од кои 288.377 биле Македонци, а 542.079 биле странски државјани. Истовремено во земјава влегле вкупно 705.728 патници, од кои 206.084 биле македонски државјани, а 499.644 биле странски државјани.

Од вкупниот број патници што за време на главната туристичка сезона транзитирале преку граничниот премин „Богородица“ околу половина милион, или точно 494.461, биле македонски државјани, додека 1.041.723 биле странци.

Во шпицот на туристичката сезона постојано активни биле шесте сообраќајни ленти за излез и влез од државата како и сите вработени, кои честопати биле и вонредно ангажирани, поради што не се забележани екстремни задржувања на возилата и туристите при излез и влез во земјава.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Аиркон“ го доби тендерот на МВР за сервисирање на клима уреди вреден 76.000 евра

Редакција

НЛБ Банка оствари добивка од 11,4 милиони евра за шест месеци

Редакција

Весна Кутревска купи акции во Пекабеско

Редакција