еМагазин
Image default
Македонија

30 дена притвор за поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразознавање (УБК), Владимир Атанасовски доби 30 дена притвор, поради инволвираност во настаните во Собранието од 27 април.

„Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка за едно лице.

Постои основано сомнение дека лицето сторило кривично дело Здружување заради непријателска дејност од чл. 324 ст.1 од Кривичниот законик“, информираа синоќа од Обвинителството, од каде подоцна по неговиот распит надополнија дека: „Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена“.

Атанасовски беше посочен од дел од обвинетите од настаните од 27 април во Собранието дека преку Александар Василевски – Нинџа го организирал упадот во Парламентот, а претходно, според сведоците, дал наредба и за палење на куќите на Радмила Шекеринска и Петре Шилегов.

Владимир Атанасовски го наследи директорското место во УБК од Сашо Мијалков во 2016 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Само во Македонија: Двајца поранешни директори на УБК во притвор

Кој е Владимир Атанасовски, поранешниот директор на УБК кој заврши во притвор

Фото: УБК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев предлага разрешување на двајца министри без ресор

Редакција

(Фото) И Фејсбук на вашите профили ќе Ве потсети дека е ден за гласање

Редакција

Апелациониот суд и ја намали казната на Гордана Јанкуловска за набавката на луксузниот мерцедес

Никола Осило