еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

30 години ЦЕНТРО УНИОН: Мотивација за успешност, единствен македонски бренд во полето на белата техника и малите апарати

Колку пати сте го отворале и затворале фрижидерот на баба, по нејзините вкусните јадења, а на него пишувало Favorit? Или пак, сте си правеле вкусни тостови на тостерот од Favorit во кујна во која што секако мора да има барем едно парче бела техника од Favorit?

Нема домаќинство на Балканот на кое што му недостига апарат во домаќинството од брендот Favorit кој што компанијата Центро Унион, веќе 30 години го гради. Тој е скоро па и безвременски, квалитетен и дели толку многу спомени во сите домаќинства.

Приказната за успешност на Центро Унион носи мотивација за сите оние кои што сакаат да напредуваат. Истрајноста, трпеливоста и дисциплината биле ѕвезда водилка на основачот Зоран Станојевски, кој што ја растел компанијата рамо до рамо со својата ќерка Тијана.

Денес, Центро Унион порасна во успешен, светски познат бизнис, а Тијана Ристовска Станојевска е нејзин прв директор. Со компанијата и ќерката, растеа и амбициите и успесите на Зоран.

Малку се компаниите кои што можат да се пофалат со 30 години постоење во светот на бизнисот, не само во Македонија, туку и во светот. Малку се и оние лидери кои што успеале да ги одржат фирмите стабилни и профитабилни.

FAVORIT како единствен македонски бренд во својата категорија е создаден 1994 година и стана секојдневие на граѓаните на нашата држава, исто така е многу препознатлив и на меѓународно ниво.

Едно од поважните достигнувања на Центро Унион е отворањето на сестринската фирма во соседна Србија под името Технома, каде компанијата има оформено свој тим, имаат соработка со фирми во Турција, Хрватска и многу други земји низ Балканот и светот.

Ценејќи го секој денар на потрошувачите, мисијата на Центро Унион гласи „Зошто да платите повеќе?“. Докажано е дека истата одговара на квалитетот што се нуди кај производите во побарувачката која што расте со енормни проценти.

Од успешната приказна на Центро Унион која што трае 30 години и со позитивни погледи за уште поголем развој, можеме да заклучиме дека за успех ни се потребни три основни работи: поддршка од семејството, верба во сам себе и производот кој што го нудиш на пазарот и искрена соработка со потрошувачите и тимот.

30 годишниот јубилеј на Центро Унион докажува дека дисциплинираната напорна работа, вложувањето, лојалноста кон соработниците и клиентите и трудот и грижата за брендот, секогаш носи позитивни резултати кои мотивираат да се вложува уште поголем труд во работата.

Дали сте подготвени да ја остварите вашата замисла? Нека компанијата Центро Унион ви биде една од мотивационите приказни која што ќе ви дава инспирација и сила дека ризикот секогаш се исплаќа ако веруваш во себе секогаш кога ќе видите производ од Favorit пред вас.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно шест медали од кои едно двојно злато за ВВ „Тиквеш” и „Tikveš Châteaux & Domainеs“ во Кина

Редакција

(Фото) По повеќе од 20 години Велес повторно има кино

Редакција

(Фото) Инвестиција на Рудник САСА во реконструкција на терени за спорт

Редакција